Home ПОЛИТИКА Го нарече македонскиот народ СТОКА и ќе се селеше ако не бил претседател- кој е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски?!

Го нарече македонскиот народ СТОКА и ќе се селеше ако не бил претседател- кој е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски?!

Го нарече македонскиот народ СТОКА и ќе се селеше ако не бил претседател- кој е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски?!

by 88nil
Го нарече македонскиот народ СТОКА и ќе се селеше ако не бил претседател- кој е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски?!

Го нарече македонскиот народ СТОКА и ќе се селеше ако не бил претседател- кој е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски?!

-Јас кога не би бил претседател и јас би се селел од Македонија.

Ова е можеби е можеби најпознатата изјава на Стево Пендаровски. Актуелниот шеф на државата кој речиси целата кариера ја мина живеејќи од државни пари. Во државниот сектор започнал како аналитичар во МВР, па потоа пет години шеф на кабинет на директорот на БЈБ Диме Ѓурев, па за време на воениот конфликт портпарол на МВР, па советник за национална безбедност на поранешниот претседател Борис Трајковски. За време на референдумот за територијалната поделба беше прв човек на ДИК, па му беше советник на уште еден поранешен претседател Бранко Црвенковски. Беше и член на дипломатскиот совет на СДСМ од 2010-та до 2014-та. За потоа еднаш да биде кандидат за претседател поразен од Ѓорге Иванов, па да победи во 2019-та, човекот кој често знаеше да ги навредува обичните луѓе.

-Вас не ве качуваат во комибиња како стока, кажа Пендаровски.

-Зошто луѓето таму се собрани во бачило. Таму има само роботи кои ги повикуваат и по извесно време ги пуштаат од кавезот, кажа Пендаровски.

Има претседателски мандат зад себе во кој Македонија стана членка на НАТО, но и мандат во кој ја прекрши својата главна кауза „нема правда, нема мир“, со тоа што ги потпиша измените на Кривичниот законик. Се правдаше дека судиите и обвинителите имале премногу време за одлучување.

-Што е отсудено до сега од тие високи случаји, Мерцедесот за Гордана Јанкуловска. Тоа не е доволно. Значи зошто осум години од кога се отворија првите најголеми случаји, до сега никој од тие луѓе не отиде во затвор. И сега овие што се критичари на измените на Кривичниот закон велат па малку е осум години, колку треба да им дадеме 28 за да ги завршат постапките, изјави Пендаровски.

Кога е меѓународната политика во прашање, Пендаровски често пати си го погази својот збор, додека беше опозиција, кажа дека не постои нормален човек кој би гласал за промена на името.

-И сите слободарски граѓни, колку и да звучи како фраза, душата ќе му извадат на тој што евентуално би го потпишал тоа. Нема да го остави во таа фотелја во која е. Значи јас не се сомневам, мислам дека шанси нема за тоа, али ако има во интерес на нашата заедничка иднина ние треба да му земеме мерка на тој човек, изјави Пендаровски во 2015-та.

За потоа пред референдумот за „Северна“ да каже дека ако нема излезност процесот за промена на името запира.

-(Што ако нема излезност на референдумот?) Процесот запира тука – одговори Пендаровски во 2018 година.

Променливите ставови на Пендаровски ги имаше и во однос на спорот со Бугарија, прво не го прифаќаше Францускиот предлог, бил со цел Бугарија да ни ја украде историјата.

-Јасна е намерата, сакаат да се вратат на нивната стара теза која е срамна и невтемелена ни во науката, ни во фактите од историјата, дека овде по 45-та е направена системска дебугаризација, изјави Пендаровски на 21-ви јуни 2022-ра.

Сепак работите брзо се променија по оваа изјава на 21-ви јуни 2022-ра, на 30-ти јули истата година, по прифаќањето уцените на Бугарија да станат европски услови, кажал дека сам учествувал во пишување на Францускиот предлог.

-Па јас ги работев сите тие документи, заедно со многу други. Францускиот предлог на крај со Макрон, на тие две три точки директно го работев, изјави Пендаровски на 30-ти јули 2022-ра.

Сега има желба повторно да остане во Вила Водно, а главно ветување му е класичната владина реторика за европска иднина, но и навредување на политичкиот ривал.

-Неговата кандидатка за претседател не си ја знае својата земја. Да не ве враќам на некои сцени од пред пет години, цело време се трудам да бидам коректен во тој дел ама кога нејзиниот партиски лидер мене ме обвинува за мојата држава при овие факти кои ви ги кажувам, јас би му препорачал нему да набави GPS за неговата кандидатка, изјави Пендаровски.

Сега во претседателската трка влегува со амбиција за победа, но и самиот неколку пати повтори дека очекува пораз во првиот круг, но победа во вториот после коалиционите комбинаторики.

-И не завршуваме овдека, имаме уште песна и оро ајмо, кажа Пендаровски на митинг.

Матеја Петровски

извор:Алфа тв

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00