Home МАКЕДОНИЈА Во склоп на поранешната Охридска касарна, ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европa

Во склоп на поранешната Охридска касарна, ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европa

Во склоп на поранешната Охридска касарна, ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европa

by 88nil

Во склоп на поранешната касарна, ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа. Согласно проектот е предвидено да се изградат два типа, односно едниот за деца од училишна возраст, а другиот за возрасни лица.
Таму веќе се одвиваат подготвителните работи, по што следува поставување на реквизитите. Паркот е направен според ЕУ стандардот EN 15567 (15567‐1 и 15567‐2) и ќе користи еден од најбезбедните системи за ваков тип на активности. Безбедноста во паркот e на високо ниво и уживањето на корисниците на рекреативниот авантуристички парк е големо и најважно неговата изградба нема никакво негативно влијание врз животната средина и дрвјата.
Главната цел на проектот е подобрување и проширување на туристичката и спортска понуда, со цел привлекување на странски и домашни посетители и групи, нудејќи им единствено катче за спорт, рекреација и дружење. Тоа значи нова активност на свеж воздух, со ново искуство за посетителот.

     

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00