23
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со владина делегација е во официјалната посета на САД, каде ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години од основањето на НАТО.
Заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе остварат и повеќе средби со државници, но и со бизнисмени, како и со нашинци од дијаспората.
-Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора. Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси, пишува Мицкоски на Фејсбук.