„Сакам да се врати тато дома“. Ова е најчестата желба што денеска ја посакаа дечињата, чии татковци се на мировни мисии во странски земји.

Тие за момент во касарната „Страшо Пинџур“ ги видоа своите татковци кои преку видео-врска се обратија до претседателката Силјановска Давкова и министерот за одбрана, Мисалјовски, посакувајќи весели празнични денови.

Најмладите пак пред камерата на Канал 5 ги кажаа и другите нивни желби за 2025 година.

На дечињата на мировниците им беа подарени новогодишни пакетчиња од претседателката Давкова и министерот Мисајловски. (атмосфера пакетчиња)

Претседателката Давкова која се обрати до мировниците, им посака професионално завршување на мисиите и здрави и живи да се вратат кај своите најблиски.

Децата покрај со претседателката и министерот, се дружеа и со Дедо Мраз и други херои од цртаните филмови.

Главниот настан, барем за децата, беше дочекот на Дедо Мраз, кој од хеликоптер им фрлаше бонбончиња, а потоа се спушти на земја.

Македонските мировници, во чија чест се одржаа денешните настани, извршуваат задачи во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, ЕУ операцијата во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, мисијата на ООН во Либан, УНИФИЛ и мултинационалните сили на НАТО во Бугарија и Романија.