5
Со повеќе активности, и оваа година, Општина Охрид го одбележува Денот на македонската револуционерна борба.
Денот се одбележува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници.
Програмата започна со промоцијата на ученичката поетска збирка „Тие доаѓаат“ (петта книга) во издание на Општина Охрид.
На малата сцена при НУ ЦЗК „Григор Прличев“ во Охрид, синоќа се одржа Свечена академија по повод 23 Октомври, насловена „Од идеја до независност“, а предвидена и богата културно-уметничка програма.
Денеска од 11:00 часот во Градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери. Вечерва, од 19:00 часот во „Форт Кафе“ ќе биде промовирана книгата „Калдрма“ од Никола Митровиќ- Бабе.
