„Безбеден град“ за 10 дена од пуштањето на камерите изрече 1.400 казни за Охрид, Струга, Кичево и Дебар

„Оттогаш, регистрирани се 1.415 прекршоци во целиот регион што го покрива СВР Охрид, додека што се однесува до најчестите прекршоци, можам да кажам дека најчестите прекршоци се пребрзо возење и регистрирани се вкупно 1.211 прекршоци“, изјави Стефан Димовски – портпарол на СПБ-Охрид.
Димовски вели дека „Безбедниот град“ помага во спречување на несреќи и намалување на бројот на смртоносни несреќи.
„Секое непочитување на ограничувањето на брзината значи црна дамка и значи можност за предизвикување несреќа, затоа еден од главните приоритети на Безбеден град е намалување на несреќите, пред сè со последици од смрт и тешки повреди, со еден збор, намалување на бројот на несреќи“, додаде Димовски.
Жителите имаат различни мислења во врска со Безбедниот град, некои велат дека во последните 10 дена возачите биле внимателни, додека други велат дека ефектот сè уште не е виден бидејќи граѓаните сè уште не се навикнати на овој вид казни.
