76
Вистински хаос се создаде вчера во просториите на ДИК за време на собирањето потписи за претседателските кандидати.
Откако ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги објавија имињата на кандидатите во трката за претседателското столче, граѓаните навалија да ја дадат својата поддршка.
На социјалните мрежи осамна видео од видно изреволтирана жена која истакна дека по грешка се потпишала за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, наместо за Стево Пендаровски. Таа во видеото вели дека не знаела каде се потпишува.