Home МАКЕДОНИЈА Протест на синдактите на петте државни универзитети

Протест на синдактите на петте државни универзитети

by 88nil

Околу 1500 вработени во петте државни универзитети во државата, денеска го кренааа својот глас. Со мирен протест го искажаа своето незадоволство од непотпишувањето на колективниот договор од страна на основачот. Со истиот вработените во УКИМ ќе добиваат 22% повисока плата. Тие сметаат дека на овој начин, со нееднаквоста во зголемувањето на платите  се дискриминирани од Владата и Собранието.

„Го поддржуваме спроведуваањето на колективниот договор на УКИМ, меѓутоа ние бараме истовремено начин како да се изедначат правата, обврските и одговорностите на сите пет јавни универзитети  во државата. Да се зголемат платите преку потпишување на Колективен договор на сите вработени почнувајќи од хигиеничаркии до вработените со титула редовен професор„ изјави Андон Мајхошев, претседател на Синдикат на УГД-Штип.

Незадоволните вработени денеска упатија и порака дека нивниот протес нема политичка позадина. Дали протестите ќе продолжат и понатаму зависи од одлуките кои ќе ги донесе основачот, но и што ќе се договорат членовите на синдикатите на сите пет универзитети.

„Ние благовремено го доставивме предлог текстот на Колективниот договор на 18октомври. Изборите се распишани многу подоцна и ние сметаме дека на некој начин сме оштетени, бидејќи имаше доволно време и простор да го потпишеме Колективниот договор, не само УГД, туку и сите останати јавни универзитети„ изјави Андон Мајхошев, претедател на Синдикатот на УГД-Штип.

Крајот на минатата година УКИМ потпиша нов колективен договор, со што платата на вработените се покачи за 22%, а ретроактивно ќе им се исплати и разликата за месец јануари.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00