6
Честит 23 октомври – Ден на Македонската револуционерна борба
На 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги стават основите на тоа што ќе стане симбол и знаме на борбите на македонците за слобода.
Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТ. Во организацијата биле вклучени и Ѓорче Петров, Јане Сандански и Пере Тошев.
Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.
Празникот се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници.
Првите обиди за формирање на организација се датираат кон крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на 19 век, некаде околу 1889 година Пере Тошев му пишал писмо на Ѓорче Петров да формираат ,,организација за ослободување”.
Музејот на македонската борба се наоѓа на левиот брег од реката Вардар и е изграден во периодот од 2008 до 2011 година и официјално отворен на 8 септември 2011 година, по повод дваесетгодишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија.
‘Ние македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат” – писмото на Митрополитот Теодосиј Гологанов од 22.06.1891 година, испратено до проигуменот Дионисиј.
Тој се состои од тринаесет одделенија од кои секое одделно ја претставува историјата на македонскиот народ во различни периоди.
Во музејот се наоѓаат 109 восочни фигури од личности од македонската историја, поголем број примероци на оригинално оружје, оригинален мебел, масовни сцени, документи и други експонати.
