Home МАКЕДОНИЈА Атина го прекршува Преспанскиот договор (ФОТО)

Атина го прекршува Преспанскиот договор (ФОТО)

Атина го прекршува Преспанскиот договор (ФОТО)

by tozo1

Атина го прекршува Преспанскиот договор (ФОТО)

Директно прекршување на Преспанскиот договор од страна на Грција

Грчката национална телевизија ЕРТ и грчката ракометна федерација со прекршување на меѓународниот код
NMKD наместо MKD го прекршија Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција.
Прекршувањето е сторено на преносот од ракометниот меч Грција – Македонија кој се игра во квалификацискиот меч за Европскиот шампионат на кој на кајронот стои NMKD.

ЕРТ е официјална медиумска институција под капата на грчката држава. Досега никаде не се употребуваше НМКД.

Според Член 1, став 3, точка д (e) од Преспанскиот договор, меѓународните кодови/кратенки МК и МКД остануваат официјални кодови на земјата за сите намени, со исклучок на регистарските таблички за возила.

Официјалниот текст гласи:

„Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодовите на земјата остануваат да бидат МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација за стандардизација (ИСО)“.

Регистарски таблички се единствената сфера каде што употребата на МК/МКД е заменета со кодовите NM или NMK.

За сите други намени, за спортски федерации, пасоши, трговски марки, веб-домени (.mk), економски кодови, меѓународни спортски преноси и секаков друг вид на официјална и неофицијална комуникација, кодовите МК и МКД остануваат целосно валидни во согласност со меѓународниот ИСО-стандард.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?