МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА СТАБИЛНА ЕНЕРГЕТСКА ЗИМА Владата обезбедува јаглен за трите блока на РЕК Битола, се подготвува и ТЕЦ Неготино
Високите цени на струјата во Европа во последните денови се должат на таканаречениот „ноемвриски скок“ на цените кој се смета за еден од најсилните краткорочни шокови на пазарот по енергетската криза во 2022 година. Овој феномен нагло ги крена цените на големо од почетокот на месецов.
Тој посочи дека барањата на енергетските компании се високи, но Владата се обидува да спречи поскапување на струјата за домаќинствата или евентуалното зголемување да биде под пет проценти.
Енергетската стабилност на земјава ќе биде обезбедена преку ангажирање на полниот капацитет на сите три блока на ТЕЦ Битола, како и на ТЕЦ Осломеј. Се подготвува и рестартирање на ТЕЦ Неготино.
Се очекува наскоро да почне транспортот на јагленот од Косово кон Битола за што се адаптира посебен граничен премин. Ресурсите ќе се потпираат и на локалниот ископ и на помал увоз на јаглен од Грција.
Високите цени на струјата во Европа во последните денови се должат на таканаречениот „ноемвриски скок“ на цените кој се смета за еден од најсилните краткорочни шокови на пазарот по енергетската криза во 2022 година. Овој феномен нагло ги крена цените на големо од почетокот на месецов, а главните причини за тоа се следните три фактори.
Втората причина е поради притисокот врз вечерните пикови кога цената достигна над 600–700 евра за мегават час. Бидејќи нема доволно струја од сонце и ветер, европските мрежни оператори мораа итно да ги вклучат термоцентралите на природен гас за да ја покријат побарувачката. Гасот во Европа во моментов е скап поради претходните геополитички тензии. Кога се палат овие скапи централи, тие ја диктираат крајната маргинална цена на пазарот. Во вечерните часови, кога луѓето се враќаат дома и потрошувачката е највисока, цените во Германија, Франција и Велика Британија надминаа 600 па и 700 евра за MWh во поединечни часови.
Третата причина е студениот бран и дополнителни проблеми во мрежата. Врз ситуацијата влијаеше и падот на температурите под сезонскиот просек, што нагло ја зголеми побарувачката за греење. Ситуацијата дополнително се затегна поради тековните ремонти на нуклеарните централи во Франција и неочекуваните технички проблеми во нуклеарната централа Чернавода во Романија, што остави помалку маневарски простор за стабилно производство.
Како резултат на ова, земјите од Централна и Источна Европа во изминатите денови забележаа просечни дневни рекорди: Полска се искачи до 460 евра/MWh, а Романија, Бугарија и Унгарија се движеа околу 350–411 евра/MWh.
Иако домаќинствата во Македонија се заштитени со регулирани цени, ваквите берзански шокови директно влијаат врз македонските компании кои купуваат струја на слободниот пазар.
