Home Uncategorized На прагот на зимата: како да се избегне скок на цената на струјата

На прагот на зимата: како да се избегне скок на цената на струјата

На прагот на зимата: како да се избегне скок на цената на струјата

by tozo1

На прагот на зимата: како да се избегне скок на цената на струјата

Енергетската криза во Европа не стивнува, а пред зимата Владата подготвува повеќе мерки за да обезбеди доволно енергенси и да избегне поголем раст на цената на струјата

Цената на струјата пред зима: кои се можните сценаријаФотографија: picture-alliance/dpa/J. Woitas

Енергетската криза во Европа продолжува да создава притисок врз пазарите на електрична енергија и природен гас, а со приближувањето на зимата во фокус повторно се поставува прашањето дали ќе може да се избегне поголем раст на цената на струјата. Додека на европските берзи цените остануваат високи, Владата подготвува повеќе сценарија за да обезбеди доволно енергенси и да спречи посериозен удар врз домашниот стандард и инфлацијата.

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за емисијата „Тема на денот“ во Дневникот на Сител изјави дека Владата досега успешно се справувала со предизвиците поврзани со енергетската криза и работи на модел кој треба да овозможи стабилност во снабдувањето и да спречи големи ценовни скокови.

Според него, кризата е специфична по тоа што трае со месеци и дополнително се продлабочува. Тој посочи дека цените на електричната енергија на европските берзи подолг период се над 300 евра за мегават-час, додека цената на природниот гас е значително повисока во споредба со истиот период минатата година.

„Сето тоа како ресурс и суровина влегува во конечната цена на крајниот производ, во случајот затоплување на дел од Скопје, а електричната енергија ја користат граѓаните. Ние немавме проблем, односно сето ова ние досега го менаџираме одлично. За да продолжиме да го менаџираме одлично, за да нема големи скокови како што тоа се случува насекаде во Европа, антиципираме можни сценарија и креираме модели кои ќе овозможат да нема големи скокови кога станува збор за цената на електричната енергија и цената на затоплувањето во Скопје“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека целта е во текот на зимата да се обезбеди стабилно снабдување со енергенси, но и да не се дозволат поголеми поскапувања кои би влијаеле врз трошоците за живот и инфлацијата.

„Овој модел ќе биде единствен и ценам дека ако успееме ова да го реализираме, а ќе треба да работиме ден за ден оваа зима, ќе имаме безбедна зима со обезбедени енергенси како прво, и она што е второ поважно за мене е да немаме големи скокови во цената на овие два енергенси“, рече премиерот.

Премиерот Христијан Мицкоски 22.10.2026
Владата подготвува повеќе сценарија за да обезбеди доволно енергенси и да спречи посериозен удар врз домашниот стандард и инфлацијата.

Домашното производство во центарот на планот

Клучен дел од планот е зголемување на домашното производство на електрична енергија. Владата предвидува поголемо производство во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, обезбедување дополнителни количини јаглен од Косово и продолжување на домашниот ископ.

Како дел од подготовките се адаптира дополнителен граничен премин во близина на Блаце, кој треба да овозможи побрз транспорт на јаглен за потребите на термоелектраните. Според најавите, преку него би минувале повеќе од 200 камиони дневно, покрај оние кои веќе го користат граничниот премин Блаце.

Целта е дневно да се обезбедуваат повеќе од 6.000 тони јаглен, што во комбинација со домашното производство и дополнителни количини од Грција треба да овозможи постабилна работа на енергетските капацитети во текот на зимските месеци.

Според премиерот, тендерот за ископ и транспорт на јаглен од Косово е во тек и се очекува да заврши до крајот на месецот.

ТЕЦ „Неготино“ како дополнителна гаранција за зимата

Вториот дел од планот предвидува повторно активирање на ТЕЦ „Неготино“. Мицкоски во средата (11.11) изјави дека производната цена на електричната енергија од оваа централа во моментов е двојно пониска од берзанските цени.

За снабдување со гориво е планиран железнички транспорт од пристаништето во Солун. Поради тоа се реконструира железничката делница која од Коридорот 10 води до ТЕЦ „Неготино“, при што дрвените прагови се заменуваат со бетонски за да може пругата да издржи товар поголем од 10.000 тони.

„Цистерните вагони ги имаме, логистиката ја имаме, за да не се случува како порано транспорт со камиони, па да се остава простор за шпекулации. Сето ова го организираат државните компании“, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека цените на енергенсите директно влијаат врз инфлацијата и потсети дека просечната инфлација во октомври изнесувала 3,3 проценти, наспроти четири проценти во Европската Унија. Во третиот квартал, според податоците што ги наведе, инфлацијата во земјата изнесувала 2,5 проценти, додека во Европската Унија била 3,5 проценти.

Еден од начините да избегнете високи сметки за струја е штедењето. Еве неколку совети од експерти како да го сторите тоа.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?