Home МАКЕДОНИЈА Дали има опасност илјaдници граѓани да не можат да гласаат на изборите поради немање на документи – се скараа Џафери и Тошковски

Дали има опасност илјaдници граѓани да не можат да гласаат на изборите поради немање на документи – се скараа Џафери и Тошковски

Дали има опасност илјaдници граѓани да не можат да гласаат на изборите поради немање на документи - се скараа Џафери и Тошковски

by 88nil

Министерството за внатрешни работи ја интензивирало динамиката на издавање лични документи со новото уставно име и доколку продолжи оваа динамика до престојните избори оние 100 000 граѓани кои немаат документи во моментов, ќе можат да го завршат овој процес до изборите, изјави денеска техничкиот премиер Талат Џафери. Граѓаните требало сами да го  иницират процесот и да си поднесат барање, доколку до изборите немаат соодветни документи тогаш на потег е Владата да донесе соодветна одлука за понатамошно постапување.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, пак му порача на Џафери, ако е загрижен за состојбата да отиде во министерството за внатрешни работи и да им помогне на службениците во процесот на издавање..

„Не е лошо премиерот Џафери, ако е толку многу амбициозен…“, вели Панче Тошковски-технички министер за внатрешни работи.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во однос на истрагата која ја најави дека внатрешната контрола на МВР треба да утврди каде е грешката зошто не се издаваат оние пасоши кои веќе се готови. Бојмацалиев тврди дека веќе има одредени сознанија за настанатиот хаос со „залутаните“ пасоши на граѓаните кои веќе се готови.

„Јас тоа барам, внатрешната контрола да утврди каде е тој пасош кој е испечатен и од експедиција однесен во МТВ, зошто го нема на шалтер. Имам сознанија од вчера и се потврдени од внатрешна контрола дека се најдени пасоши кои ако требало да бидат ставени под буквата Б, се ставени под В. Тоа е еден од случаите, а натаму внатрешна контрола ќе испитува и ќе утврди зошто готовите пасоши не им се даваат на граѓаните, која е причината и каде е грешката. Ние сме сервис на граѓаните и тоа не е политиканство, јас се борам граѓаните да бидат услужени“, вели Бојмацалиев.

Според статистиката на министерството за внатрешни работи, вкупниот број на издадени пасоши во месец јануари изнесува 39 783, а во февруари се издале вкупно 57 549 пасоши.

Додека техничкиот премиер уверуа дека процесот за издавање лични документи ќе се заврши до изборите, министерството за внатрешни работи на граѓаните им закажува термини за фотографирање за месец октомври..

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00