Ненадејно одекна веста за смртта на белорускиот хокеар Константин Колцов, кој е познат и како момче на една од најдобрите тенисерки на денешницата, Арина Сабаленка. Многу нејаснотии имаше за тоа како згасна животот на 42-годишниот хокеар, а сега стигна и официјална потврда.
Колцов се самоубил фрлајќи се од балконот во хотелската соба во Мајами, потврдуваат од локалната полиција. Пожарникарската спасувачка служба прва добила повик за човек кој се фрлил од балкон, а лекарите едноставно не можеле ништо да сторат.
Хокеарот беше дел од репрезентацијата на Белорусија на Олимписките игри во 2002 и 2010 година, а неколку сезони играши за тимот на Питсбург пингвинс во НХЛ.
Колцов беше пристигнат во Мајами за да ја бодри својата девојка Сабаленка на Мастерс-турнирот. Иако ова е голема трагедија, Сабаленка, која неколку години беше девојка на хокеарот, реши дека нема да го откаже настапот во Мајами, а единствено што нема да има се прес-конференциите пред и по нејзините дуели.