Тие втор ден денеска не се појавија на своите работни места, бараат регулирање на работниот статус, бесплатно здравствено осигурување и повисоки плати.

„Мотивите за овој штрајк се сите овие колеги позади мене што ги бараат основните услови за живот. Срамно е еден доктор да нема здравствено осигурување. Мислам дека нема ниедна политичка партија кој тоа треба да не мотивира за да ние си ги бараме основните човеки права кои што ни се загарантирани со устав. Јас лично немам ниедна книшка од ниедна партија. Единствена книшка што јас ја имам дома е крводарителска книшка,“ изјави: Христина Илиоска Чешлароска – приватен специјализант.

И додека здравствените работници си ги бараат своите права преку протести и штрајкови, болниците постојано се полнат од пациенти, а се празнат од доктори. Поддршка приватните специјалзанти денеска добија и од граѓани кои се затекнаа во дворот на клинички центар. Граѓаните револтирани велат доктори немаме, резултати чекаме со часови, терапија со денови.

„Луѓево чекаат со саати за да дојдат до хемотерапија, а башка што влегуваат преку ред, дајте нека ги примат тие луѓе, зошто да стојат тука, зошто да бидат невработени, да не им тече стаж како на сите нормални луѓе, дајте малку да се направи нешто за овие млади луѓе. “-изјави Роднина на пацинет.

Приватните специјализанти со години алармираат за нивните проблеми, но освен ветувања од надлежните досега не им е исполенто ниту едно нивно барање. Сметаат дека трајно решение на проблемот е во трансформацијата на договорите, односно сите приватни специјализанти да станат државни и реформирање на моделот на приватни специјализации. Министерот за здравство, меѓу другото вчера рече дека ги разбира барањата на специјализнатите, но побара трпение од нив и најави решавање на нивните проблеми по изборите.