Home МАКЕДОНИЈА Азизи: Наследив предмети од обвинители кои со години земале плата, а не работеле – никој не одговарал!

Азизи: Наследив предмети од обвинители кои со години земале плата, а не работеле – никој не одговарал!

Азизи: Наследив предмети од обвинители кои со години земале плата, а не работеле – никој не одговарал!

by tozo1

Азизи: Наследив предмети од обвинители кои со години земале плата, а не работеле – никој не одговарал!

„Наследив 400 предмети од обвинители кои со години земале плата, а не ги сработиле“. Ова го откри кандидатот за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Фатон Азизи, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, отворајќи го прашањето за одговорноста на обвинителите кои со години не постапувале по предметите што им биле доверени.

Азизи, повикувајќи се на своето искуство во Основното јавно обвинителство Скопје, посочи дека поради неодговорното работење на одредени обвинители, стотици граѓани со години чекале разрешница на своите случаи.

„Тоа се 400 судбини на оштетени, па макар и на обвинети кои само молат да бидат обвинети за да има исход во судската постапка, да заврши“, изјави Азизи.

Тој истакна дека обвинителите кои оставале голем број нерешени предмети не биле повикувани на дисциплинска одговорност, ниту биле анализирани причините поради кои предметите останувале незавршени.

„Тој колега никогаш не заврши на дисциплина, на анализа на причините зошто не ги сработил тие предмети. Тука има одговорност и за раководителот на институцијата“, нагласи Азизи.

Според него, особено е проблематично тоа што нововработените обвинители мораат да ги преземаат и расчистуваат заостанатите предмети од своите претходници.

„Зошто секоја генерација која се вработува во ОЈО Скопје треба да биде чистач на предмети на некој обвинител кој си земал плата десет години и реално му е затрупан шкафот? Тоа прашање цело време сум го поставувал на Врховното обвинителство и никогаш не сум добил одговор“, рече Азизи.

Тој додаде дека дел од обвинителите, и покрај нерешените предмети, можеле дури и да напредуваат во кариерата.

Азизи нагласи дека самостојноста и независноста на јавните обвинители не смеат да бидат изговор за избегнување на одговорноста.

„Ние правиме една кардинална грешка кога кажуваме дека јавниот обвинител е самостоен. Независноста и самостојноста не подразбираат дека обвинителот е недопирлив или не подлежи на одговорност. Кога има предмети кои затајуваат без причина, треба да одговара, кој било да е тоа, па и јас“, порача Азизи.

Тој повтори дека лично наследил околу 400 заостанати предмети, за кои, според неговите тврдења, претходно со години не било постапувано.

„Некој земал плата шест-седум години и не ги сработил. Зошто? Треба да даде одговор раководителот на институцијата и обвинителот кој си ја зел чантата и отишол да работи адвокатура“, истакна Азизи, додавајќи дека имало повеќе такви случаи во ОЈО Скопје.

Според него, ваквите постапувања ја нарушуваат репутацијата и на останатите обвинители кои професионално и посветено ја извршуваат својата работа.

Азизи оцени дека во обвинителството има квалитетни кадри и добри практики кои треба да се надградуваат, но дека истовремено мора да се воспостави систем на одговорност за неоправданото одолговлекување на постапките.

„Сметам дека со нова енергија и нови капацитети во обвинителството ќе се потрудиме да ја подобриме правдата, односно сликата за јавното обвинителство“, порача Азизи во „Клик Плус“ на ТВ21.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?