Home МАКЕДОНИЈА ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ, А ПОТОА ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ!

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ, А ПОТОА ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ!

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ, А ПОТОА ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ!

by tozo1

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ, А ПОТОА ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ! Мицкоски со отворен предлог за деблокрање на преговорите со ЕУ

Ние се бориме, нема да отстапиме од борбата за македонските национални интереси, но исто така нема да отстапиме ниту од нашата стратешка цел да бидеме дел од европското семејство, онаму каде што припаѓаме – рече Мицкоски.

 

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека пред евентуалните уставни измени треба да се договори акцискиот план за малцинствата, кој би бил прифатлив за сите 27 земји-членки на Европската Унија.

На прес-конференцијата по учеството на самитот на Берлинскиот процес во Будва, на прашање дали има шанси за дијалог со Бугарија и евентуална помош од европските партнери во тој процес, Мицкоски порача дека Владата нема да отстапи ниту од заштитата на македонските национални интереси ниту од стратешката цел за членство во ЕУ.

Премиере, во првата изјава што ја дадовте рековте дека очекувате силни и значајни пораки да бидат испратени на денешниот самит. Дали состанокот ги исполни вашите очекувања?

Христијан Мицкоски Па, генерално, да. Се испратија силни пораки и од канцеларот Мерц и од канцеларот Штокер, којшто ќе биде копретседавач на следниот самит којшто ќе се случи во делот на Берлинскиот процес. Исто така, можам да кажам дека и од останатите присутни на самиот работен дел од состанокот беше потврдена желбата, иницијативата, но и приоритетите дека Западен Балкан треба да биде дел од Европа и треба тоа да се случи многу бргу.

Она коешто за нас како држава претставува важност е фактот дека ние веќе имаме усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија, дека сме многу напред во испорака кога станува збор за реформската агенда, дека буквално сѐ што се бара од нас, а е поврзано со принципот по испорака да се оценува напредокот, ние тоа го правиме и го испорачуваме. Очекувам – тоа и го кажав во работниот дел – очекувам сето ова за коешто зборувам да биде во многу скоро време валоризирано и да се даде шанса конечно да можеме да отпочнеме со процесот на преговори. Исто така, истакнав дека постепеното или градуално интегрирање претставува шанса и можност за сите нас, но тоа никако не смее да биде замена за полноправното членство во рамките на Европската Унија.

оа што со децении било создавано, а тие го распродадоа, преку ноќ ќе го исправиме и ќе го вратиме во некој нормален тек. Тоа така не оди, треба време.

Ние се бориме, нема да отстапиме од борбата за македонските национални интереси, но исто така нема да отстапиме ниту од нашата стратешка цел да бидеме дел од европското семејство, онаму каде што припаѓаме. И за таа цел, за да ги видиме вистинските намери и цели на сите стекхолдери во процесот, ние велиме: добро, предуслов за сѐ, дури и утре да се случи промена на Уставот, е ајде најпрвин да го договориме акцискиот план за малцинствата, во којшто 26 земји-членки јасно велат дека немаат проблем, а една земја-членка вели дека има проблем. Ајде ние со таа земја-членка да седнеме и да договориме, да видиме, да го направиме тој документ да биде прифатлив за сите 27 земји-членки, па потоа во втора фаза да зборуваме што е тоа што ние како Влада го очекуваме, а што е тоа што треба ние како Влада да го испорачаме. Бидејќи овој документ, акцискиот план за малцинствата, е документ којшто е предуслов за да продолжиме во процесот на преговори.

Така што, ги отфрлам сите оние тези од опозицијата: „Добро, тие не се сега власт, ние сме”. Да, точно, ама кога бевте власт толку ја ограбивте и ја пониживте државата што ние во овие два-три-четири месеци не можеме сето тоа да го повратиме. Да, повративме дел од тоа, повраќаме, се бориме, жилави сме, упорни сме и ќе продолжиме да се бориме. Но сѐ тоа што тие го распродадоа, испокрадоа и уништија, ние за жал во овие два-три-четири месеци не можеме да го надоместиме. Но, она коешто за нас е цел – а тоа е она коешто го повторувам многу пати во моите изјави досега – е дека денеска Македонија е многу подобро место за живеење од тоа што беше пред три години, и тоа во услови на епска светска криза кога голем дел од државите во светот се борат за да преживеат.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?