Home СВЕТ Зеленски се надева дека поразот на Трамп ќе донесе поголема помош за Украина

Зеленски се надева дека поразот на Трамп ќе донесе поголема помош за Украина

Зеленски се надева дека поразот на Трамп ќе донесе поголема помош за Украина

by tozo1

Зеленски се надева дека поразот на Трамп ќе донесе поголема помош за Украина


Киев – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се надева оти успехот на демократите на американските меѓуизбори ќе резултира со поголема помош за Украина во војната против Русија што трае веќе четири и пол години.

Во интервју за германската телевизија „Зе-Де-Еф“, Зеленски рече дека се надева оти промените, што би следувале доколку демократите следната година ја преземат контролата врз двата дома на американскиот Конгрес, ќе бидат во корист на Киев.

„Благодарен сум и на републиканците, но демократите многу јасно зборуваат за поддршка и помош за Украина“, рече Зеленски во изјава што „Зе-Де-Еф“ ја објави на германски јазик пред емитувањето на целото интервју.

„Тие зборуваат за обновување на врските меѓу САД и Европа… Затоа постои надеж дека ќе се воспостави рамнотежа на силите и дека ќе добиеме поголема поддршка“, додаде тој.

Зеленски оцени дека поголемата американска помош би можела да влијае врз рускиот претседател Владимир Путин.

„Ако Конгресот сега зборува за силна финансиска или воена помош, како што тоа денес го прави и го покажува Европа, тогаш тоа ќе биде позитивен чекор што ќе влијае врз Путин“, пренесе „Зе-де-Еф“ дел од неговата изјава.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?