Home КУЛТУРА Македонски скапоцености во Бугарските музеи

Македонски скапоцености во Бугарските музеи

Македонски скапоцености во Бугарските музеи

by 88nil

Од Македонските градови/цркви/манастири долго време се изнесувале вредни артефакти, и се разнесувале низ цел свет. Денес може да ги најдеме по музеи/приватни колекции во Париз, Берлин, Москва, Белград, Атина, Солун, Софија, Загреб и т.н.

Овој пост го посветувам на една од најорганизираните и најкронтроверни одзимања на вредни артефакти од Охридско и други МК региони, од страна на Бугарската држава, бугарските владици и војска во 1916 година (во зрелата фаза од првата светска војна). Многу е пишувано за оваа колекција на скапоцености, посебно и заради мистеријата што ја следеше, се до Октомври 2014, кога вкупната збирка за прв пат беше претставена во Националниот Историски Музеј во Софија, под наслов „Бугарската Автокефална архиепископија од Охрид (1018-1769)“. Претходно, но само по 1992, некои од артефактите беа презентирани срамежливо во истиот музеј како дел од другите постојани поставки.

 

Покана Флаер од изложбата, со царски двери одземени од Богородица Перивлепта – Охрид.

Целта на мојот пост е со фотографии да ги претставам највредните (инаку ги има преку 80) артефакти. Македонските новинари имаат напишано доста за оваа колекција, но никаде до сега не сретнав барем половична фотогалерија. Сите фотографии се превземени од интернет сајтови на бугарски и македонски јазик.

Да почнеме со набројување и фотографии. Потоа продолжувам со неколку интересни новинарски статии за историјата на збирката, а на крај се изворите на информации.

 

 

 

 

 

 

Архиепископска митра
Подарок од Венеција изработен од тамошните златари за охридскиот архиепископ Јосиф (1719-1745), тежок 1,5 килограм чисто злато и украсен со 329 скапоцени камења. Оваа митра подоцна ја носеле сите охридски архиепископи, а се чувала во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“.

Седумвековна плаштаница од „Света Софија“
Му била подарена на охридскиот архиепископ од императорот Андроник Втори Палеолг во 1298 година. Изработена е од двослојно платно, извезено со златни и сребрени конци. На неа има натпис испишан со злато „на пастирот на бугарите, за да го спомнува во своите молитви императорот”. За објаснување на натписот, и научната полемика околу истиот, повеќе на овојлинк.

Покривка со Богородица
Од „Света Софија“ е однесена и покривка со ликот на Пресвета Богородица, подарок од императорот Теодор Kомин и неговата жена Марија на архиепископот Димитар Хаматијан во 13 век.

Плаштеница св. Евхаристија
Од црквата „Богородица Перивлепта“ Охрид.

Плаштеница од 1796г., од Манастир Св.Наум Охридски


Вратата на црквата „Свети Никола Болнички“ од 14 век
Двокрилна врата со резби и барелјефи на која се врежани ликови на повеќе животни кои во христијанството се сметаат за чувари. Некои делови се направени во 13-14 век. Се смета за најстар споменик на резбарството.

 

 

Икона „12 Господови празници“ од 12 век
Се чувала во Охрид, не се знае во која црква. Изработена е од лазардит и врамена во дрвена рамка. Има дванаесет празнични сцени од животот на Исус и на Богородица – Благовештение, Роаждество Христово, Сретение, Kрштевање, Влез во Ерусалим, Воскресение и т.н…

Препис на хрониката од Јован Скилица
Всушност, тоа е стар препис од 13 век на оригиналниот Запис за историјата на Византија, кој познатиот византиски хроничар го создал кон крајот на 11 век и кој се чувал во Охрид. Постојат преписи и во Ватикан, Париз, Виена и Мадрид.

Икона на свети Јован Златоуст
Ликот на овој светител ретко се наоѓа на иконите. Оваа потекнува од крајот на 14 и почеток на 15 век и е во техника темпера на дрво

Икона на свети Kлимент Охридски
Изработена е во 15 или 16 век во техника темпера на дрво, со димензија 35 на 27, и се чувала некаде во југозападна Македонија. Најпозната икона на овој голем светител.

 

Триптих-поменик од Слепченскиот манастир
Датира од четириесеттите години од 16 век и се користел за време на богослужбите. На него се испишани многубројните имиња на достоинствениците кои се спомнувале во литургиите. „Помени ги, јеромонаха Серафима, Самуила, Анастасија…“ се чита од големиот запис составен најмногу од имињата на оние кои се спомнувале на богослужбите.Триптиси од непознати македонски манастири
До слепчанскиот трптих, е уште еден триптих од непознат македонски манастир но од имињата на селата кои се споманти се заклучува дека е од битолско, прилепско и охридско подрачје.


Опкова за евангелие од 14 век со поправки од втората половина на 17 век.
Направена од ковано сребро со позлата опковата се наоѓала во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“ и на неа е претставен мотив на распнувањето на Исус Христос. Една од додадените делови при поправката е и представа на Св. Климент во епископска одежда.
Поправката е документирана со текст од авторот: “Направи Никола, син на Андроник Фронимака”

Kрстови од 17 век
Резба со повеќе мотиви од животот на Исус Христос во сребрена рамка и со филигрански мотиви. Оние од фотографијата се од манастирот „Света Богородица Kосиница“, во близина на Kавала, Егејска Македонија.


Сребрено ковчеже за подароци (за чување на светиот леб) од манастирот „Свети Наум Охридски“
Направено е во 1833 година во форма на трикатна ротонда и на него се претставени ликови на светите Седумчисленици: Св. Кирил и Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Во долниот ред е напишано на грчки:
“Се украсува овој свети кувуклиј за светиот леб на светиот и богоносен отец наш Наум Чудотворец со трудот и иждивението на себлажениот катигумен господин во Христа Дионисиј од Анадолија и епархијата на Теодосиопол во година 1833, први јануари. Од раката на мене смирениот златар Георги Статис. Спомни ги Господи сите благочестиви и православни христијани, кои се помазуваат во овој свет манастир. Во деновите на сесветиот митрополит на светите Преспи господин Калиник “.


Сребрено ковчеже за мошти
Одземено е, исто така, од манастирот „Свети Наум Охридски“, а датира од 1837 година. Изработено е од сребро во елипсоидна форма со главен мотив на „Оплакувањето на Христос“.

Полилеј од св. Богородица Перивлепта – Охрид
Бронзен полилеј составен од 19 дела. Сега е за првпат реконструиран неговиот целосен изглед.

 

Две Царски двери, едната од св. Богородица Перивлепта – Охрид
Во Музејот изложени се две царски двери, од која едната е спомената дека потекнува од иконостасот на катедралната црква св. Богородица Перивлепта – Охрид

Сребрена кутија и опкова за мошти (реликвијар)
Се чувале во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“. Сребрената опкова е наменета за черепот на светителката Матрона и има несекојдневни филигрански работи. Датира од 1789 година. Таа е изложена во музејот заедно со сребрената купија од подоцнежен период – 1811та со сцени од житија.

Икона на Исус со врзани раце
Оваа икона е одземена од охридската црква „Света Богородица Перивлепта“, и таа била дел од иконостасот.

 

Фрагменти од брознен полилеј (лустер) од Марков манастир
Полилеј со повеќе мотиви направен во 14 век, како подарок на кралот Волкашин за манастирот. На него се врежани имињата на Кралот Волкашин.

Реликвии од црквата „Света Богородица Kосиница“, во близина на Kавала, Егејска Македонија

Минатата година грчкиот митрополит од Драма побара нивно враќање во Грција, но тоа беше одбиено.
– Икона на Богородица Одигитрија, работена во техника темпера на дрво со сребрена опкова,
– Крст од 1786 година со позлатено сребро, разнобојни стакла, корали. Двострано украсена со крштевањето на Исус, и Распетието христово од другата страна.
– друг крст од 18 век,
– ковчеже за мошти од 1630 година…Убавата резба се гледа на крстовите кои бугарската војска ги земала од црквата „Света Богородица Илокали“ од Серес, Грција и на кои доминира мотивот на распнувањето. Меѓу десетина крстови тешко е посетителот да се определи за најубав, но по своја убавина и оригиналност се одликуваат оние од манастирот „Света Богородица Kосиница“ од Егејска Македонија. Изложени се и повеќе кутии за мошти, рипиди од неколку манастири во Грција – „Свети Јован Kрстител“ и „Свети Теодор“крај Серес, сребрени кадилници, садови за светење вода… Од овие манастири била собрана и разна свечена облека на црковните достоинственици.
Текстот е преземен од marPedia

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00