Home МАКЕДОНИЈА Стотина малди лекари изгубени во македонската бирократија

Стотина малди лекари изгубени во македонската бирократија

Стотина малди лекари изгубени во македонската бирократија

by 88nil
Стотина малди лекари изгубени во македонската бирократија

Државата ги принудува младите лекари кои само што завршиле стручен испит, да си ја бараат среќата во странство, затоа што надлежните не го почититуваат законот за платена пракса. Лекарите се жалат дека околу 40тина од нивните колеги биле избрани да стажираат во брзата помош, но без посебно објаснување зошто токму изборот паднал на нив , додека пак околу 150 се оставени на улица и покрај постојанио недостаток на кадар во македонското здравство.

  • „Ние сме останати во агонија и загриженост за нашата иднина. Која директно се афектира на секој од вас. Секојдневно го слушаме парадоксот на нашиот систем, каде е очигледен недостигот на млади доктори, а во исто време ние сме оставени во чекалната на институциите чекајки вработување или платена пракса која ни следува според закон. Доколу не се изнајде решение за нашата ситуација, за жал, ќе бидеме дел од многуте неправди кои институциите ги прават врз здравствените работници. Иако си ја сакаме државата и сакаме да останеме тука, ќе бидеме приморани да ја напуштиме и да отидеме некаде каде што ќе се цени нашиот труд и знаење.“ – Порача Ивана Балоска.

Оттаму велат дека веќе се сретнале со министерот за здравство, на кој му ги предочиле проблемите со кои се соочуваат, но, освен утешителни зборови и тапкање по рамо, не добиле конкретно предлог решение. Едноставно, ги препратиле на друг шалтер, во министерството за финансии.

  • „Веќе трет месец чекаме да не викнат на платена пракса. Таа е задолжителна и е закон, во траењем од 6 месеци. Таа ни е услов за понатамошно усовршување, односно, запишување на специјалзиација“ – Изјави Симона Ѓоргиевска.

Тие испратиле барање до финансии, да се одобрат средства, но, оттаму до овие вести, на прашањето од Алфа ТВ, за колку нови лекари одвоиле пари, не дадоа појаснување. Додека пак од здравство велат, тие си ја завршиле својата работа.

  • „Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на Законските обврски што ги има во делот за шест месечна платена пракса на младите лекари кои ќе бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош“ – Велат од министерството за здравство.

Очигледно од здравство не гледаат на ова како проблем, па сега останува новите доктори на чекаат, да се борат со бирократските лавиринти или едноставно, да си заминат од Македонија.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00