Home МАКЕДОНИЈА Полиграфистите со 97% прецизност ќе можат да ги откријат корумпираните цариници и полицајци

Полиграфистите со 97% прецизност ќе можат да ги откријат корумпираните цариници и полицајци

Полиграфистите со 97% прецизност ќе можат да ги откријат корумпираните цариници и полицајци

by 88nil

Само тројца од 100 корумпирани цариници или полицајци ќе можат да го измамат полиграфот ако поминат законските измени предложени од Координативното тело за погранично управување. Четворицата лиценцирани полиграфисти, колку што ги има во државата, со помош на машината ќе можат да фатат стотици службеници кои примиле макар и пет евра мито.

– Точноста на полиграфскиот уред, според најновите истражувања изнесува 97%, што е највисоко ниво во однос на сите истражувања околу детекцијата на лага. Различноста во точноста зависи исклучиво од применетата техника и полиграфскиот бекграунд на испитувачот, вели полиграфистот од „Полиграфски центар“ Никола Божиновски.

Искуството од надвор вели дека полиграфското тестирање може да се користи и за избор на најсоодветен кандидат за раководна позиција. Според Божиновски, етичкото оценување на службениците во иднина ќе им помогне на оние кои носат одлуки.

– Со помош на овој систем сите што се искрени и работат согласно правилата на работење не треба да стравуваат за работното место и ќе имаат голем стимул за напредок во својата кариера, вели Божиновски.
Полиграфско тестирање веќе се користи и како метод за испитување на лојалноста на работниците во приватниот сектор. Но полиграфисти користат и добро организираните криминални групи.

– Мафијата во Бугарија има свој сектор полиграфисти. Зошто? За да видат колку се лојални на мафијата, а колку на државата. Ако мафијата си го штити својот интерес, ако бизнис секторот си го штити својот интерес, каде е државата?, вели Владимир Пивоваров, претседател на координативното тело за погранично управување.

Корупцијата е насекаде околу нас, затоа Пивоваров вели дека ова е одлична можност за да се остави нешто за идните генерации за да се намали коруптивното однесување, а со тоа и да се намали иселувањето од државава.

– Ние ако продолжиме, ќе продолжиме во еден процес на клептократија. Се ќе сведе само на корупција. Еднаш ќе мора да ја решиме, или таа ќе не реши нас, вели Пивоваров.

Идејата за полиграфско тестирање доби поддршка и од полицискиот синдикат.

Јавна тајна е дека е полициски службеници и граничари гледаат на страна на граничните премини, но корумпираните службеници ретко паѓаат. Во последниот период често сме сведоци дека истражните органи ги ловат корумпираните службеници преку безбедносните камери. Последниот пример беше за двајца полицајци. Едниот ќе одговара за примање поткуп, другиот за помагање.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00