-Поднесувањето на кандидатурата е технички процес, професорката Силјановска Давкова имаше историски најголем одзив од граѓаните при собирањето на потписите за нејзината кандидатура и тоа е она што е најголема болка за Пендаровски и СДС.
Свесни сме за интенцијата на Пендаровски и СДС да продолжат со креирање на теми кои се надвор од реалноста и ова е уште доказ за нивната единствена желба да го затскријат својот неуспех и пораз кои ги очекува, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Поднесувањето на кандидатурата е технички процес, професорката Силјановска Давкова имаше историски најголем одзив од граѓаните при собирањето на потписите за нејзината кандидатура и тоа е она што е најголема болка за Пендаровски и СДС.
Поддршка од граѓаните е јасна и недвосмислена, а СДС и Пендаровски во истата ќе се уверат на 24 Април и 8 Мај.
Му препорачуваме на Пендаровски барем во неговите последни денови од мандатот да ја напушти неговата најсилна карактеристика- озборување и пласирање на невистини во јавноста, додаваат од партијата.