„Во Сребреница секако беше извршено страшно злосторство. И не беше проблем некој да дојде и да покаже пиетет и каење. И сите беа одговорни за тоа. Само ве молам, не измислувајте и не шпекулирајте со пресуди кои не такви како што вие ги претставувате“, вели српскиот претседател
Пред меѓународниот суд на правдата во Хаг беше утврдено дека Србија на ниту еден начин не е одговорна за наводниот геноцид во Србија. Ова денеска го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ при посетата на саемот во Мостар, коментирајќи ја резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница, пренесува Н1.
Одговарајќи на новинарска констатација дека Србија е прогласена за виновна пред Меѓународниот суд на правдата, затоа што не спречила геноцид во Сребреница, Вучиќ рече дека не е потребно да се замајува народот, но како што посочи дека секако во Сребреница било направено страшно злосторство, но дека Србија на никоков начин, додаде, не е одговорна за геноцид.
Според него, кога Србија ќе поднесе предлози за резолуции, како што посочи за Јасеновац, Крагуевац, Кралево, Јајинци и ногу други места, како што вели, нема да каже кој го извршил тоа.
„Претпоставувам дека Србија треба да биде среќна што во планираната резолуција за геноцидот во Сребреница не се споменуваат Србите. Па, нема да ги спомнуваме народите кога ќе ги поднесеме резолуциите за Јасеновац и Крагуевац“,
вели тој.
Вучиќ рече и дека регионот е вратен пред 30 години и дека според него, сето тоа го прават оние кои рекле дека не треба да се враќаме во минатото.
„Во Сребреница секако беше извршено страшно злосторство. И не беше проблем некој да дојде и да покаже пиетет и каење. И сите беа одговорни за тоа. Само ве молам, не измислувајте и не шпекулирајте со пресуди кои не такви како што вие ги претставувате“,
рече српскиот претседател.
Во својот говор на отворањето на Саемот, Вучиќ рече дека се надева дека во иднина ќе има повеќе искреност во српско-хрватските и во српско-босанските односи.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека геноцидот во Сребреница не се случил, бидејќи ако било така, како што рече, немало повторно да се отвара целата приказна.
Според него, повеќе Срби биле убиени за време на опсадата на Сараево отколку што загинале во Сребреница и дека сега, како што вели сакаат да создадат мит за Сребреница.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи и кандидат за претседател на претстојните претседателски избори вчера соопшти дека Северна Македонија е коспонзор заедно со Германија, САД и други држави на резолуција во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година и одбележување секоја година.
Одговарајќи на новинарско прашање како очекува дека ова ќе влијае на односите на нашата земја со Србија, Османи рече дека односите со која било земја можат да бидат нарушени, како што рече, затоа што осудуваме геноцид.
„Мислам дека посебно за Србија е важно да ја изгласа оваа резолуција со цел фактите да бидат признаени и промовирани бидејќи сите одлуки на меѓународните судови и тела покажуваат дека во Сребреница е случен геноцид. Сè додека се одрекува и не се признава, можноста да се повтори е сè уште веројатна. Затоа, посебно ја повикувам Србија да ја изгласа оваа резолуција, а ги повикувам и останатите земји членки на Обединетите нации да гласаат. Не мислам дека односите со која било земја можат да бидат нарушени, зашто осудуваме геноцид и бараме да се одбележи убивањето на над 8 000 цивили“,
рече тој.
Резолуцијата ќе биде претставена на 17 април пред Генералното собрание на ОН, а за неа ќе се гласа на 2 мај годинава.