Лидерот на ДУИ синоќа од Дебар ја прокоментирал и изјавата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оти Ахмети му праќал емисари, со цел ДУИ да влезе во коалиција со неговата партија по изборите. Обраќајќи му се на Мицкоски, рекол оти коалицирал со партии на етничките заедници кои тие ги презираат
Да не се враќаме во минатото и да се огорчуваме зашто викав „УЧК“, порачал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од синоќешниот митинг во Дебар, велејќи дека Ослободителната народна армија (ОНА), во јавноста позната како УЧК, е гордост на Албанците и оти ја спасила Македонија. Тој ова го кажа по реакциите кои ги предизвика неговото скандирање „УЧК, УЧК“ на митингот на „Европскиот фронт“ и кандидатот Бујар Османи во Скопје пред една недела.
„Оваа земја има свое место во Европа и за оваа земја мора да работиме заедно, Македонци и Албанци, а не да се враќаме во минатото и да се огорчуваме зашто викав УЧК. УЧК е албанска гордост и ја спаси Македонија“,
рекол Ахмети од синоќешниот митинг во Дебар.
Лидерот на ДУИ синоќа од Дебар ја прокоментирал и изјавата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оти Ахмети му праќал емисари, со цел ДУИ да влезе во коалиција со неговата партија по изборите. Обраќајќи му се на Мицкоски, рекол оти коалицирал со партии на етничките заедници кои тие ги презираат.
„Христијан, во политиката влегов како востаник и нема да излезам без да се откажам, да се разбереме, народот ме гласа 22 години. Јас формирав фронт со албанските политички партии, но го направив овој фронт непобедлив со вклучување на заедниците кои вие ги презирате, како што се турската, ромската и босанската. Се трудиме овој Устав што го направивме уште поблизок до граѓаните на Република Македонија, да ги вклучи бугарската, египетската, црногорската и хрватската заедница. Охридскиот договор и промената на политичко-правниот статус на Албанците не ја уништија Македонија“,
изјавил Ахмети.
Од митингот во Дебар, Ахмети оценил оти „Европскиот фронт“ ќе биде победник на изборите на 8 мај, а оти народот е тој којшто ќе одлучи кој ќе биде дел од идната влада.
„Опозицијата да не ги прави грешките што ги направи мојот поранешен колега во 2006 година и тогашната партија ја направи таа грешка и плати висока цена. Ние Албанците не сме претставници на малцинство, ние сме легитимни претставници на огромното мнозинство Албанци, а сега во Фронтот се и ромската, турската и босанската заедница. Па со тие шифри што ги пеат, тие никогаш не одлучуваат, одлучува народот. На 8 мај сите да гласаат за Фронтот, затоа што вие гласате за интеграција или изолација“,
дополнил Ахмети.