Home СВЕТ Случувањата на Блискиот Исток ќе ги поскапат горивата, транспортот, производите?…

Случувањата на Блискиот Исток ќе ги поскапат горивата, транспортот, производите?…

Случувањата на Блискиот Исток ќе ги поскапат горивата, транспортот, производите?…

by 88nil

Цените на нафтата веќе се покачија, поради случувањата на Блискиот Исток. Светските аналитичари предвидуваат дополнително качување на цената на нафтата – над 100 долари за барел. Економските аналитичари во државава велат дека ситуацијата на Блискиот Исток ќе ја покачи цената на нафтата на светските берзи, што ќе се одрази негативно врз нашата економија. Поскапата нафта ќе предизвика нови инфлаторни притисоци и раст на цените на транспортните услуги и на производите. Сепак, сè ќе зависи од тоа колку долго ќе трае и дали ќе се рашири конфликтот, но никој не може да го предвиди тоа.

Од Регулаторната комисија за енергетика за весникот ВЕЧЕР велат дека се очекува последните случувања со Иран и Израел да имаат влијание врз берзите на нафта и да има турбуленции, но во кој обем – ќе зависи од два фактора, од одлуките на Г7 и од тоа дали е овој напад од краткотрајна природа или ќе трае.

Паралелно треба да се следи и ОПЕК, какви одлуки ќе донесе, дали ќе се зголеми производството или, можеби, ќе се пуштат резерви. Од тоа ќе зависи дали ќе поскапи нафтата на светските берзи. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, не очекува овој понеделник да има сериозно поскапување, а дали би се случило тоа понатаму, ќе зависи од тоа каква ќе биде состојбата со Израел и Иран во следните неколку дена.

Економските аналитичари предвидуваат дека растот на цената на нафтата може да предизвика нов ценовен шок.

– Случувањата на Блискиот Исток, во секој случај, негативно ќе се одразат и кај нас. Ние немаме сопствено производство на нафта и мора да увезуваме. Ако расте цената на нафтата на светските берзи, и ние ќе плаќаме повисока цена. Со оглед на тоа дека Регулаторната комисија за енергетика ја зема како основа цената на нафтата на светските берзи, ќе дојде до зголемување на цената на нафтата и кај нас. Зголемувањето на цената на нафтата може да предизвика инфлаторни притисоци и ќе треба да се води некоја политика за да се амортизираат тие притисоци – изјави за весникот ВЕЧЕР Ванчо Узунов, универзитетски професор.

Според него, колкав ќе биде ударот врз македонската економија, зависи од тоа колку ќе трае оваа криза, а никој не може да го предвиди тоа.

– Ова е светски проблем и сите се соочуваат со него. Оние што ја прават војната, знаат дека ќе го растресат целиот свет со ова и затоа прават проблеми. Не прават проблем на некој пуст остров, затоа што нема никому да му наштетат – појаснува Узунов.

Економскиот аналитичар Абил Бауш смета дека ако трае конфликтот подолго и ако добие поголеми размери, може да има и поголемо негативно влијание врз нашата економија.

– Секоја нестабилност на глобално ниво може многу силно да влијае врз нашата економија, особено ако се знае дека Блискиот Исток и ОПЕК се најголеми извозници на нафта. Ако го намалат тие производството поради случувањата, војната и ризикот за транспорт, може да имаме зголемување на цената на нафтата, а тоа може да влијае на зголемување на цената на транспортот и на другите производи – изјави Бауш за ВЕЧЕР.

Тој додава дека зголемувањето на цената на нафтата може да предизвика инфлаторни притисоци.

– Ние веќе имавме ваква ситуација со војната во Украина, кога имавме проблем со увозот на гас и на жито и кога значително пораснаа цените на светските берзи. Последниве две недели, цената на нафтата е покачена. Веќе оди по нагорна линија, но не очекувам дека ќе се качи на околу 100 денари за литар, колку што беше пред две години, кога имавме значителен пораст на цените на нафтените деривати – додава Бауш.

Сепак, економистите се надеваат дека нема долго да трае овој конфликт и да предизвика поголеми негативни ефекти врз економијата.

Според светските аналитичари, цените на нафтата веќе се покачија како резултат на иранскиот напад и се очекува дополнително да се зголемат, до 95 долари за барел.

Последиците од шестмесечната војна меѓу Израел и Хамас во Газа — заедно со другите геополитички жаришта како Украина — веќе ги зголемија цените на нафтата во последниве месеци.

Сепак, досега немаше големо нарушување во сообраќајот и во снабдувањето со нафта, укажуваат аналитичарите. Тие досега сметаа дека ако скокнат, цените нема да останат на тоа ниво долго време.

Стравот од зголемени тензии на Блискиот Исток може да направи цената на нафтата да порасне на краток рок. Но, доколку не се случи нешто што ќе го запре протокот на нафта од Персискиот Залив во значителна временска рамка, што е многу малку веројатно, тоа нема да биде економски погубно, сметаат светските аналитичари.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00