Home СПОРТ Клоп за најспорниот момент на дербито со Сити: Тоа е чист пенал за сите луѓе кои разбираат фудбал! 

Клоп за најспорниот момент на дербито со Сити: Тоа е чист пенал за сите луѓе кои разбираат фудбал! 

Клоп за најспорниот момент на дербито со Сити: Тоа е чист пенал за сите луѓе кои разбираат фудбал! 

by 88nil

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа возбудливо и содржајно реми на „Енфилд Роуд“, но на крајот не изостана и полемика поради еден невнимателен старт на Жереми Доку во 98-та минута.

Резервистот на Манчестер Сити го собори Аргентинецот МакАлистер и играчот за врска на Ливерпул лежеше половина минута на земја, пред судијата Мајкл Оливер да ја прекине акцијата и да сочека инструкции од ВАР.

Првичната одлука на Оливер беше дека нема елементи за пенал, па на крајот луѓето од ВАР собата решија да не ја менуваат истата, а тоа налути огромен дел од фановите на Ливерпул.

Повторената снимка покажа дека крампоните на Доку завршија во градите на МакАлистер и прашање е воопшто дали имаше контакт со топката, па Јирген Клоп во својата прва изјава по дербито изјавил дека неговиот тим бил оштетен за чист пенал.

– Тоа беше чист пенал за сите луѓе кои разбираат фудбал на оваа планета. Тоа е прекршол и жолт картон на секоја позиција на теренот, истото важи и за шеснаесетникот. Ако сметате дека тоа не е пенал, тогаш не сте човек кој разбира фудбал.

– Испративме порака со играта која ја прикажавме денеска. Кога прикажувате ваква игра против тим како Манчестер Сити, испраќате порака. Заборавете на судиите, надминавме многу тешки ситуации оваа сезона и денеска покажавме дека сме подготвени за борба. Тоа ми се допадна најмногу од се, – додал Германецот.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00