По краткиот протест пред Министерството за здравство на кој специјализантите побараа повисоки плати, регулирање на работниот статус и враќање на бесплатното здравствено осигурување, тие беа повикани на средба со претставници од Министерството. Таму им било ветено дека овие барања ќе бидат исполнети што поскоро,а она за вработување на неопределено време веднаш по изборите.

– Ни беше ветено дека Министеството ќе прати информација до Влада и до ФЗОМ, да постапуваат согласно донесените одлуки веќе од наредниот месец да биде корегирана платата на приватните специјализанти, односно да биде на ниво на општ доктор. Добивме ветување дека здравственото осигурување веднаш ќе биде воспоставено и ќе се прати информација до јавно здравствените установи. Беше дадено ветување дека масовни конкурси ќе бидат отворени во јавно здравствените домови по завршетокот на изборниот циклус.- Д-р Александра Георгиева – претседател на здружението на лекари специјализанти

Младите лекари велат дека трошоците за специјализација на Медицинскиот факултет се движат од 12 до 14 илјади евра, додека моменталната плата изнесува 26.000 денари. Според нив, спорно е и тоа што токму тие како медицински лица немаат бесплатно здравствено осигурување, кое без образложение им било укинато пред повеќе од 1 година.

– Кога говориме за моменталната плата од 26.000 на еден приватен специјализант, ако бидеме објективни и ја одземеме платата која што месечно се плаќа кон деканатот на Медицински факултет тоа значи дека на тој специјализант му преостануваат окол 12.000 денари за може да фунционира и да преживее.

На средбата, д-р. Георгиева посочува дека биле информирани за одлука на Владата од 2018 година потпишана од тогашниот Министер и Премиер, според која платата на приватните специјализанти треба да е во висина на општ лекар, односно во моментов околу 44.000 илјади денари. Фактот што досега оваа одлука не била применувата лекарите ја оценија како немање на политичка воља.