Home ПОЛИТИКА Мицкоски: Ја чувствуваме довербата на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е пред огромен историски резултат

Мицкоски: Ја чувствуваме довербата на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е пред огромен историски резултат

Мицкоски: Ја чувствуваме довербата на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е пред огромен историски резултат

by 88nil

Чувствуваме дека, како ВМРО-ДПМНЕ и како Коалиција ја имаме довербата, идниот претседател Гордана Силјановска Давкова ја има довербата на граѓаните. Ни преостанува уште многу малку, ни преостанува уште една недела кампања од првиот круг претседателски избори. А од утре почнува кампањата за парламентарните избори. Од оваа поддршка можам да заклучам дека сме пред еден огромен историски резултат, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Чашка.

„Нас ни е потребен овој историски резултат за да можеме да ја трансформираме Македонија. Бидејќи денес нашата Македонија е, за жал, држава која што е заробена во еден цикличен хибриден режим буквално оттргната од граѓаните. И, за жал, граѓаните не одлучуваат за сопствената држава туку една многу мала група на граѓани предводена од раководството на ДУИ и неколкумина членови на раководството на СДСМ кои што се главни подизведувачи, измеќари на Али Ахмети, Артан Груби, Талат Џафери, Бујар Османи и останатите, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека за жал денеска Македонија функционира со една мала група која што се граѓани од прв ред и сите остани кои што сме граѓани од втор ред.

„Овие од ДУИ, пак, ме обвинуваат честопати дека сум бил анти-Албанец, дека сум бил ксенофоб и тогаш им го поставувам прашањето: ‘Од кога важи правилото дека криминалот има етничка припадност?’. Од кога важи правилото дека ако ДУИ бидат нападнати затоа што прават криминал и го ограбуваат народот во Македонија, ги ограбуваат граѓаните, тогаш тој криминал има етничка припадност, праша Мицкоски.

Посочи дека криминалецот нема етничка припадност.

„Колку што знам или си криминалец, или не си криминалец, тука не може да крадеме сега малку од Македонците, па сега малку од Албанците, па ајде сега ќе крадеме од Турците, од Ромите, Србите, Бошњаците, Власите итн. Не, тие крадат преку наместени и фингирани тендери од Буџетот кој што го полните сите вие“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски укажа дека раководството на ДУИ се навикнати да функционираат по принципот како досега повеќе од 20 години.

„Се сеќавате кога Димитар Ковачевски на една прес-конференција го прашаа новинарите добро како ќе продолжите да функционирате од сега понатаму, до него беше главниот стопан на Македонија Али Ахмети кој што му сугерираше и му рече како до сега. Е од прилика така функционира Македонија во овој момент, по принципот како до сега“, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние сме опозиција и на овие избори го бараме вашиот глас, и ние не можеме да ветиме ништо повеќе од она што сме подготвени да реализираме. Ние не можеме да ветиме чуда бидејќи чудата се невозможни. А, ние не сме чудотворци. И секој оној кој што ветува чуда, не ја говори вистината, ве лаже. Но, она што можеме да ветиме е нашиот збор, дека нема да биде како до сега и сите оние криминалци во политиката кои што ја ограбија Македонија, кои што ја понижија Македонија, кои што го уништија практично човекот во граѓаните на Македонија ќе одговараат. И таа неправда ќе биде исправена“, порача Мицкоски.

You may also like

Leave a Comment

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?
-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00